Трилер-комедијата „Балканска 3а/2“ во петок пред охридската публика

- Локални
604

Трилер-комедијата „Балканска 3а/2  од Дејан Дуковски во петок (08.11) ќе се игра на сцента на Центар за култура „Григор Прличев“ .

Претставата е во режија на Ана Батева, а  почетокот е закажан за 20:00 часот. 
играат:
ИЛИЈА – Стрезо Стаматовски
МИРНА – Елизабета Стефановска
АРСЛАН – Филип Кипровски
ПОТСТАНАРОТ – Никола Тодоровски
„Балканска 3а/2“ е црна комедија во која недостатокот на човечност во човекот е нормална појава, а човековата отуѓеност од современиот свет е секојдневие;
„Балканска 3а/2“ е трилер кој има за цел да ни покаже антиопштествени форми на однесување, кои освен што го изветоперуваат социјалното функционирање на едно општество, го загрозуваат и неговото постоење;
„Балканска 3а/2“ е слика на апсурдот на нашето време, а оттаму и комичен приказ на денешното живеење.

Картите се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид, по цена од 200 денари . Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066.

Strugaonline

Facebook Коментари