-На утрешната седница на Советот на Град Скопје, ќе побарам Советот да донесе одлука за доделување на помош на настраданите во катастофалниот земјотрес во Драч, Албанија.- оваа одлука предмалку на својот Facebook профил ја објави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.
Шилегов веќе се координирал со советничките групи во Советот и очекува дека одлуката ќе биде едногласно донесена.
Страотни се сликите од Драч, срушени згради и големи материјални штети сведочат за силниот земјотрес, а албанските медиуми пренесуваат дека има и жртва и повредени.
Strugaonline
Facebook Коментари