Градоначалничката на Стаунтон, Каролин Дал, во посета на Општина Струга

- Локални
650

Градоначалникот на Општина Струга , Г-дин Рамис Мерко оствари средба со градоначалничката на градот Стаунтон, Каролин Дал, директорката на Библиотеката и Претседателскиот Музеј „Вудроу Вилсон“, Робин Ван Селденек и градоначалникот на Општина Чаир ,Висар Ганиу.

„На средбата, која се одржа во Струга, се разговараше за можни соработки и заеднички проекти, како и за збратимување помеѓу Општина Струга и Градот Стаунтон. По тој повод,градоначалничката Дал го почести градоначалникот Мерко со „Клучот на Градот Стаунтон”.-информираат од Општина Струга.

После средбата, делегацијата од САД, заедно со градоначалникот на Општина Чаир и градоначалникот Мерко имаа можност да присустуваат на првиот концерт на Ансамблот за албански ора и песни во РСМ, кој се одржа во Центарот за култура во Струга.

Strugaonline

Facebook Коментари