Денеска по котлините ќе има магла и ниска облачност, во останатите делови сончево со мала до умерена облачност. Во југоисточните делови ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Дневната температура ќе се движи во интервал од -1 до 9 степени. Утре ќе биде значително облачно, на повисоките места и планините со услови повремено да провејува слаб снег. Кон крајот на денот ќе дува слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе се движи во интервал од 3 до 8 степени.
Извор: УХМР
Facebook Коментари