Лев банер Десен банер

Два килограми марихуана пронајдени кај жител на Албанија на автобуска станица во Струга

На 21.01.2020 по добиени сознанија за вршење на транспорт на дрога од страна на Т.С.(31) од Р.Албанија, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга презеле мерки и активности, при што околу 15.50 часот, Т.С. бил затекнат на автобуска станица во Струга. Веднаш потоа, полициските службеници извршиле преглед на Т.С. и во неговиот багаж била пронајдена кеса со марихуана со тежина од околу 2 кг., која била одземена и пратена на вештачење. Т.С. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Струга за понатамошна постапка.

Извор: МВР

error: