Денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со умерен, во западните делови повремено засилен југозападен ветер. Во вечерните часови почнувајќи од север облачноста ќе се зголеми, ќе почне да дува засилен северен ветер и ќе има врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе преминуваат во снег. Утре ќе биде облачно и студено со повремени врнежи претежно од снег, а во југоисточните делови од дожд. Ќе дува засилен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието. Дневната температура ќе се движи во интервал од 0 до 8 степени.
Извор: УХМР
Facebook Коментари