Се одржа првиот проектен форум на Општина Вевчани

- Локални
906

Во просториите на Младински центар -Вевчани се одржа првиот проектен форум на Општина Вевчани. На форумската сесија беа предложени проблеми и решенија од повеќе области – образование, детска заштита и згрижување, социјална политика, животна средина HBO, земјоделство и други теми од кои произлегоа околу десет проектни идеи кои ќе се работат на следните форумски сесии.

На првата форумска сесија учествуваа околу 30-тина учесници, а присуствуваа и градоначалникот на Општина Вевчани, Г-дин Сашо Јанкоски , претседателот на Советот на Општина Вевчани Г-дин Душко Ѓурчески и проектниот менаџер од UNDP Г-ѓа Лејла Небиу  кои се обратија до присутните и го поздравија спроведувањето на проектот во Општина Вевчани.

Одржувањето на форумските сесии во Општина Вевчани заедно со обуките за советници се дел од проектот „Зајакнување на општинските совети.“

Целокупниот проект изнесува 3,4 милиони швајцарски франци, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка и истиот е имплементиран од UNDP во партнерство со Министерството за локална самоуправа, Министерството за финансии, Заедницата на единиците на локалната самоуправа, Здружението на финансиски работници и UN Women.

По успешното спроведување на проектот и завршувањето на обуките од страна на советниците и завршувањето на петте форумски сесии годинава, општина Вевчани ќе добие два гранта -50 000 швајцарски франци за приоритетни проекти кои ќе ги изберат граѓаните преку форумски сесии и 12.000 швајцарски франци за имплементација на иновативни IT решенија за зголемување на транспарентноста и отчетноста на општината и работата на Советот.

Целта на форумот што се одржува на тема Социјална инклузија, е зголемување на учеството на граѓаните во процесот на донесување на одлуки на локално ниво.

Форумот е алатка за учество на граѓаните во подготовка и избор на приоритетни проекти и истиот има за цел да го подобри животот во заедницата преку взаемна соработка на општината и граѓаните.

Strugaonline

Facebook Коментари