Денеска календарски започна пролетта

- Македонија
821

Рано утринава во 4 часот 49 минути и 37 секунди стигна пролетта на северната хемисфера. Во исто време на јужната Земјина полутопка почна есен.

Сонцето изгреа во 05:38 часот, а ќе зајде во 17:45 часот. Денот ќе трае 12 часа и 7 минути.

Последниот викенд во март ќе почне и летното сметање на времето, па во ноќта помеѓу 28 и 29-ти март часовниците треба да се поместат за еден час напред.

Пролетта ќе трае 92 дена, 17 часа и 54 минути, односно до 20 јуни 2020 во 23 часот и 43 минути, кога ќе почне летото.

Strugaonline

Facebook Коментари