Kоординативниот совет при Општина Струга со препораки за граѓаните

- Локални
1029

На последниот состанок на Координативниот совет во врска со досегашната состојба предизвикана од КОВИД-19,се одлучи дека граѓаните треба да ги следат долунаведените упатства, со цел да се заштити здравјето и благосостојбата на граѓаните; – информираат од Општина Струга.

Мерки:

1) Да се почитуваат сите превентивни мерки и препораки донесени од Владата и Министерствотот за здраство.
2) Не излегувајте надвор без потреба, и кога нема полициски час.
3) Да се избегнува собирање низ паркови или други отворени површини ( не повеќе од 5 лица)
4) Свеста на граѓаните, во овие моменти е клучна заради што живееме во близина на градови каде што веќе има случаеви со КОВИД-19. Апелираме на висока свест и одговорност.
5) Овие упаства ќе важат до следните препораки од страна на Координативниот совет.

„Ние како Координативен совет, предводени од страна на градоначалникот на Општина Струга Г-дин Рамис Мерко, работиме на тоа да го заштитиме и зачуваме јавното здравство и благосостојбата на нашите граѓани, но за да го сториме тоа мора сите граѓани да ги почитуваат нашите превентивни мерки и упатства.“ – велат од Координативнот Совет.

Strugaonline

Facebook Коментари