Лев банер Десен банер

63 македонски граѓани утрово се вратија во нашата земја, одат во задолжителен карантин

Во организација на МНР, во соработка со Црна Гора и Косово, утрово 63 македонски граѓани (еден автобус и 19 автомобили) се вратија во Северна Македонија. – информираше министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Пристигнатите лица ќе бидат  сместени во задолжителен карантин.

„Во автобусот на пат кон Црна Гора, овозможивме 15 црногорски граѓани да се вратат во татковината. Благодарност до Црна Гора за соработката и до Косово за овозможување на непречен транзит. Во ова време невреме, солидарноста и соработката со пријателите е исклучително важна.“ – вели Димитров.

Strugaonline

error: