Арменд Арслани за Тв Телма: Една жена починала на интерното одделение во Струга се испитува дали е од КОВИД 19

- Локални
1889

Една жена од Лабуништа ,  вчера попладнето починала на интерното одделение во Струга но се уште се испитува дали причината е КОВИД 19, односно посмортем е земен брис кој е на анализа, изјави за Телма заменик министерот за здравство Арменд Арслани.

Тој додаде дека  таа веќе лежела на интерната клиника во Струга со други здрвствени проблеми, но се појавиле проблеми со респираторните органи, по што починала.

Две лица од Лабуништа вчера попладне се пренесени на Инфективмната клиника во Скопје. И за нив нема потврда дали биле заболени од корона вирус.

Извор: ТВ Телма

Facebook Коментари