44 нови случаи на корона вирус во Македонија, два нови случаи во Струга

- Локални, Македонија
1601

На клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби од Ковид-19 починаа двајца мажи, едниот на возраст од 45 години од Куманово, другиот на возраст од 78 години од Дебар. – соопштија од Министерството за здравство.

Починатиот од Куманово  имал дијабетес, атријална фибрилација, хипертензија и обезност, додека починатиот од Дебар имал ХОБ (Хронично обструктивен бронхит) и хипертензија и примал терапија за двете хронични заболувања.

Во изминатите 24 часа направени се 392 тестирања, а потврдени 44 нови случаи на коронавирус во земјата.  По градови: Куманово- 23, Скопје – 11, Тетово – 4, Битола- 3, Струга – 2 и Прилеп – 1.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 329 лице. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во Скопје – 175, Дебар – 47, Куманово – 47, Штип – 14, Тетово – 10, Прилеп – 10, Струга – 7, Велес – 6, Битола – 4, Охрид – 3, Кавадарци – 2, Гостивар – 1, Крива Паланка – 1, Струмица – 1, Гевгелија – 1.

Од 392 направени тестови во изминатото деноноќие 262 се направени преку Институтот за јавно здравје, 26 преку Ветеринарен факултет, 24 преку лабораторијата Биотек и 80 преку Клиниката „Жан Митрев“. Досега се направени вкупно 3.518 тестови на КОВИД-19, информираат од Министерството за здравство.

Strugaonline

Facebook Коментари