Лице од Кичево заработи кривична пријава, ја прекршил мерката за забрана за движење

- Македонија
584
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, ОВР Кичево  поднесе кривична пријава против Б.М.(39) од Кичево. Тој,  на 02.04.2020 година во 02.50 часот, кога на сила била мерката за ограничено движење, бил затекнат на регионалниот пат Македонски Брод-Кичево како управува патнички автомобил „мазда“, негова сопственост и, бидејќи не поседувал соодветна дозвола за движење во тоа време, бил приведен во полициска станица. Пријавениот не се придржувал до мерката за забрана за движење на граѓаните во временскиот период од 21 до 05 часот заради спречување на ширење на коронавирус COVID – 19, предвидена во Одлуката на Владата на РСМ.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари