Вчера во 14:55 часот во ТППЕ Струга пријавен е пожар на ул. ЈНА бр15.
„Веднаш беше упатено едно противпожарно возило и тројца пожарникари . Опожарена е помошна просторија и неколку апарати за домаќинство .“ – информираат од ТППЕ Струга.
Со брзата и навремена интервенција на ТППЕ Струга спречено е проширување на пожарот и настанување на поголема материјална штета како и загрозување на безбедноста на другите станари.
Пожарот е ликвидиран во 15:15 часот, а причините за пожарот сеуште не се познати .
Strugaonline
Facebook Коментари