Безбедносната состојба на подрачјето на СВР Охрид е стабилна

- Локални
535
Безбедносната состојба на подрачјето на седум општини што ги покрива СВР Охрид е стабилна. Изминатово деноноќие,  во периодот од 07.00 часот на 07.04 до 07.00 часот на 08.04.2020 година, целосно се почитувала забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19. Во истиот период, не се регистрирани собирања на граѓани, нарушувања на јавниот ред и мир  и сообраќајни незгоди. На 07.04.2020 година во 23.30 часот, од киоск лоциран во дебарското село Могорче, извршена е тешка кражба и одземени се седум штеки цигари. Истите, при извршен увид се пронајдени во близина на објектот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот. Освен ова, не се регистрирани други кривични дела.Непречено се одвива контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14-дневна самоизолација. Во Струга, евидентирано е едно ново лице со решение за изолација и извршени се 26 контроли на лицата кои веќе се во изолација ( Охрид-14, Струга-9 и Кичево-3). Евидентирани се 11 нови лица во самоизолација, сите во Дебар  и извршени се 237 контроли врз овие лица (Охрид-3, Струга-170, Кичево-3 и Дебар-61).

На подрачјето на СВР Охрид, регистрирани се вкупно 627 лице што се под задолжителна мерка државен карантин (Охрид- 326, Струга- 301) кои се сместени во пет сместувачки објекти. Од нив, три лица се нови сместени во карантин во изминативе 24 часа (Охрид-2, Струга-1). Полициските службеници извршија 70 контроли на угостителски објекти.

Стабилна е безбедносната состојба на подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, каде е прогласена кризна состојба. Во рамките на предвидените мерки во оперативниот план, полициските службеници ги реализираат мото-патролите низ градските средини и приградските населби. Притоа, не се регистрирани собирања на граѓани на јавни места, нема нарушувања на јавниот ред и мир и нема регистрирани сообраќајни незгоди.

Во општините Дебар и Центар Жупа успешно се спроведуваат мерките за контрола при влез на патнички и други моторни возила, како и активностите за дотурот на храна, лекови, средства за лична хигиена и други потреби за граѓаните во двете општини. Сите правни лица кои вршат дотур треба да се најават во Кризниот штаб на фиксниот телефон 046/831 051 по што, нивните возила со полициска придружба ќе бидат спроведени до соодветните трговски објекти.

Потсетуваме дека влезот е дозволен само на лица кои се жители на општините, а истовремено е оневозможен, односно строго е забранет излезот на сите граѓани затекнати на подрачјето на двете општини. Упатуваме апел до граѓаните, строго да ја почитуваат одлука на Владата за забрана на движењето од 21.00 до 05.00 часот секој ден, а за време на викендите од 16 до 05 часот. Апелираме на совесно и дисциплинирано  придржување до сите останати препорачани мерки и насоки во врска со спречувањето на ширењето на коронавирусот (COVID-19), а сите правни и физички лица строго да се придржуваат до насоките на полициските службеници. Граѓаните, на бесплатниот телефонски број 08 0000 201 или на 192, можат да ги пријавуваат сите случаи на лица кои ги прекршуваат одредбите за задолжителна 14-дневна самоизолација. Сите оние кои ги прекршуваат дадените препораки, ќе бидат санкционирани согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари