Министерот Венко Филипче од денеска ќе биде во домашна изолација
Министерот Венко Филипче од денска ќе биде во домашна самоизолација.

Неговата одлука доаѓа откако позитивен тест за коронавирусот има градоначалникот на Куманово, а Филипче вчера одржа состанок со кризниот штаб на Куманово и со градоначалникот.
„На состанокот ги почитував сите протоколи за заштита и носев заштитна опрема исто како и останатите присутни. Ги очекувам епидемиолозите од Институтот за јавно здравје кои освен со мене, ќе направат епидемиолошки анкети и со сите други функционери во Владата кои вчера беа присутни на состанокот. До добивање на епидемиолошка проценка на ризикот и насоки за понатамошно постапување останувам во изолација.“ – вели Филипче.
Тој вели дека го имал во предвид ова сценарио и заедно со тимот на министерството се подготвиле за ваква ситуација.
„Работата на Министерството за здравство продолжува да се одвива непречено, а јас и од изолација останувам во редовна комуникација со комисијата за заразни болести и сите останати инволвирани во овој процес и продолжувам да ги координирам сите процеси во справување со кризата. Како и досега, Министерството за здравство редовно и навремено ќе информира за состојбата со коронавирусот во земјата, а прес-конференциите ќе ги правиме преку достапните онлајн платформи за оваа намена. Во текот на денот ќе се воспостави техничка можност за ова за да нема застој во однос на информирањето.“ – појасни Филипче.
Strugaonline

