Симон Трпчески со видео од изведба на познатата песна „На Струга дуќан да имам“ изразува поддршка за сите медеицински лица
Најпознатиот виртуос на пијано, Симон Трпчевски преку музика упати поддршка до сите кои се во „првите борбени редови“ во борбата за спречување со КОВИД 19.

„Би сакал ова видео специјално да им го посветам на македонските медицински работници и сите активно инволвирани во справувањето со корона пандемијата, но и на сите луѓе во светот со желби за брзо опоравување од оваа светска мистерија.“- вели Трпчевски, а станува збор за изведба на познатата песна „На Струга дуќан да имам“ .
„Голема благодарност до маестра Шиан Жанг и Симфонискиот оркестар од Гвангжу, Кина, за честа што ми ја приредија и се согласија да подготват и изведат македонско музичко дело на бис („На Струга дуќан да имам“ – во аранжман на композиторот Панде Шахов).
Концертот се одржа на Православен Велигден (14.04.2012)“ – додава Трпчевски.
https://www.facebook.com/simon.piano/videos/512895426072931/
Strugaonline

