Владата утре ќе расправа за намалување на полицискиот час во Македонија воведен поради епидемијата на корона вирусот, објави Министерот за здрвство Венко Филипче.
Предлогот е полицискиот час наместо во 16:00 часот да почнува во 19:00 часот и да трае до 5 :00 часот наутро. Олеснување да има и за старите лица над 67 годишна возраст. Тие да можат да се движат од 8:00 часот наутро до 12:00 часот на пладне во работните денови. Децата и младите до 18 години да можат да излегуваат од 13 до 16 часот.
Се предлага и во викендите да има поинаков режим. Полицискиот час да почнува во сабота во 13 часот и ќе трае до 5:00 часот наутро во понеделник.
Министерот Филипче потенцираше дека пократкиот полициски час ќе значи нови задолжителни мерки за заштита, како што е носење на маски, шал или марама во затворен простор, додека пак, надвор задолжителна социјална дистанца од 2 метра.
Facebook Коментари