53 оздравени пациенти, потврдени се 13 нови случаи на КОВИД 19

- Македонија
854

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 53 оздравени од ковид-19. По градови: Скопје-25, Куманово-13, Прилеп-5, Струга-1, Битола-4, Охрид -1 и Кочани-4.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица, 58 годишна пациентка од Желино (Тетово) примена на клиниката на 21 април со тешка форма на болеста и 81 годишна пациентка од Куманово, лекувана на клиниката од 15 април. И двете пациентки страдале од висок крвен пристисок.

Во ГОБ „8 септември“ почина 1 лицe од Куманово на возраст од 47 години, примен на болничко лекување на 3 април во тешка состојба и долго време приклучен на респираторна машина. Почина и пациент од Битола кој се лекуваше во болницата во Битола. Пациентот бил на возраст од 66 години и во тешка општа состојба, со срцева слабост и цироза.

Во изминатите 24 часа направени се 289 тестирања, а потврдени се 13 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-4, Куманово-5, Прилеп-2 и Тетово-2.

Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува, 1399 а последната дистрибуција по градови е следна: Скопје – 475, Куманово – 376. Дебар – 51, Штип-34, Прилеп –143, Тетово – 75, Струга – 64, Велес – 66, Битола –19, Охрид –15, Кавадарци – 5 Гостивар –15, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка-5, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 28, Пробиштип – 2, Кичево – 2, Неготино-4, Демир Хисар – 1Македонски Брод -2, Пехчево- 1, Валандово -1,Виница – 2.

Направените 289 теста се преку: ИЈЗ –226, Ветеринарен ф-тет -9 , Авицена –12 ,Биотек –0, Филип Втори (Жан Митрев) –0, Систина со PCR метода -38 и МАНУ -4 . Досега во земјата се направени вкупно 15409 тестирања на ковид -19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е примен 1 нов пациент, а хоспитализирани се вкупно 61. Од нив 18 се со потешка клиничка слика и на кислородна поддршка, а 5 пациенти се на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 8 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 32. На респираторна машина се 7 пациенти, а со потешка клиничка слика уште 4.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 7, а се следат вкупно 8 пациенти во домашно лекување, додека во болницата во Штип се лекуваат 2 пациенти, а се следат уште 9. На инфективните одделенија во болниците во Куманово, Велес и Прилеп се хоспитализирани 50 пациенти, потврдени и суспектни на ковид-19.

Strugaonline

Facebook Коментари