Лев банер Десен банер

МВР- 42 лица не ја почитувале забраната за движење

Во текот на изминатото деноноќие по однос на забраната за движење на ниво на целата држава 42 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 32 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

На територијата на државата, според евидентираните податоци, на 53 лица им се издадени решенија за изолација, а 76 лица потпишале изјави за самоизолација.

Истовремено од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што не се утврдени лица кои не ги почитувале мерките.

Во државен карантин се спроведени 32 лица.

Извор: МВР

error: