MOН: Лажна е информацијата дека училиштата ќе работат од 18-ти мај

- Македонија
674

Лажна е информацијата дека училиштата во земјава ќе бидат отворени на 18-ти мај-информираат од МОН откако на социјалните мрежи се ширеше документ односно наводно донесена ваква  уредба со законска сила.

– Информираме дека се работи за лажна информација и документ кој воопшто не е подготвен од страна на МОН и усвоен од Владата. Оваа тема не била предмет на дискусија на владините седници во изминатите денови. За сите одлуки кои институциите на системот координирано ги носат за време на вонредната состојба, јавноста е секогаш навремено информирана од страна на службите задолжени за односи со јавност. Апелираме да не се креираат и шират лажни вести, бидејќи тоа не оди во прилог на заедничката заложба за справување со актуелната состојба и создава дополнителна вознемиреност кај граѓаните во овој исклучително тежок период за сите нас, стои во соопштението од Министерството за образование и наука

Strugaonline

Facebook Коментари