Денеска ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен и југозападен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 19 до 23 степени. Урре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од западен правец. Попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има услови за појава на невреме. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 20 до 25 степени.
Извор: УХМР
Facebook Коментари