Лев банер Десен банер

21 нов случај на КОВИД 19 во Македонија, еден од нив во Струга

Денеска Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) регистрира 38 оздравени пациенти, објави министерот за здравство Венко Филипче.

Во текиот на изминатите 24 часа направени се 279 тестирања, а потврден е 21 нов случај на COVID-19 и тоа во:

– Скопје 7
– Куманово 6
– Прилеп 4
– Тетово 1
– Пехчево 1
– Делчево 1
– Струга 1

Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1.442, бројката на оздравени пациенти е 627, на починати е 73, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 742. Досега во земјата се направени вкупно 16.050 тестирања на COVID -19.

По завршување на епидемиолошка анкета, за две лица кои во вчерашниот извештај на ИЈЗ беа заведени во Кавадарци, е утврдено дека се жители на Демир Капија. Во денешниот извештај на ИЈЗ ќе биде направена исправка и тие ќе бидат заведени во Неготино, бидејќи Демир Капија спаѓа во оваа подрачна единица.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на 50 години, хоспитализиран на 6-ти април, а пациентот 17 дена бил на механичка вентилација. На клиниката за онкологија почина пациент на 51 година од Прилеп чиј позитивен резултат на COVID-19 пристигнал вчера.

error: