Владата одлучи, полицискиот час викендов ќе започнува од 19:00 и ќе трае до 05:00 наутро

- Македонија
1380

-На тековната седница на Влада донесовме одлука за скратување на забраната за движење за време на викенд.- информираше премиерот Оливер Спасовски.

-Почнувајќи од утре, во сабота и недела, граѓаните ќе можат да се движат во периодот од 05 часот до 19 часот.

Во сабота и недела, сите млади лица под 18 години ќе можат да се движат од 13 до 19 часот, а сите возрасни граѓани над 67 години ќе можат да се движат од 05 до 12 часот.-стои во објавата на Спасовски

Strugaonline

Facebook Коментари