Бектеши-Главниот збор за отварање на угостителските објекти го има Комисијата за заразни болести

- Македонија
807

-Министерството за економија како надлежно за секторот угостителство ги почитува сите предлози и препораки од Комисијата за заразни болести. Во зависност од препораката од Комисијата, Владата ќе расправа и ќе донесе соодветна одлука кога ќе почнат со работа угостителските објекти изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Тој објасни дека редоследот на отварање на објектите го одредува Комисијата за заразни болести, a министерството за економија дало предлог за отварање на угостителските објекти.

Инаку, Комисијата за заразни болести на вчерашниот состанок не дефинирала нови мерки, се разговарало за можно отворање на кафулињата. Оттаму велат дека угостителските објекти, кафулињата најверојатно ќе бидат отворени во петок, најдоцна во сабота, но напоменуваат дека дефинитивната одлука ќе биде донесена деновиве. Истовремено велат дека полицискиот час до 19.00 за сега останува на сила

Strugaonline

Facebook Коментари