Ристе Талески- Честит ден на пожарникарите, ТППЕ Струга има храбaр, пожртвуван и хуман тим

- Локални
1722

ТППЕ-Струга го одбележува денешниот 20-ти мај , ден на пожарникарите. По тој повод во посета на ТППЕ Струга беше градоначалникот на Струга  Г-дин Рамис Мерко кој упати благодарност за досегашниот придонес на единицата. Оваа година традиционалната прослава за празникот беше исклучена од агендата поради пандемијата со вирусот Ковид 19, а од градоначалникот ТППЕ -Струга доби подарок фрижидер и електричен шпорет.

Територијалната противпожарна единица Струга брои 31 професионален пожарникар, професија која е хумана но и стресна.

„Најпрво сакам на сите пожарникари да им го честитам денот на пожарникарите, 20-ти мај,  и воедно да изразам огромна благодарност и почит за нивната секојдневна несебична пожртвуваност, храброст и хуманост во справувањето со разните интервенции со кои се соочуваат. Покрај пожарите, изминативе месеци ТППЕ Струга помага и во справувањето со вирусот Ковид 19 преку секојдневна дезинфекција на улиците и виталните објекти. За потребите на ТППЕ Струга, а со цел поефикасна работа, изминатиов период се набавени нови работни униформи и обновена е дел од противпожарната опрема . Континуирано работиме на подобрување на условите за работа со цел поефикасно справување со секојдневните интервенции на терен..“ – изјави за Strugaonline Ристе Талески, заменик командир во ТППЕ Струга.

Изминатата 2019 година , единицата успешно се избoри со 352 интервенции на територија на општина Струга, додека пак оваа година до денес  интервенирале 107 пати.

Талески посака да има што помалку потреба од интервенции во иднина.

Strugaonline

 

Facebook Коментари