Комисијата за заразни болести предлага карантин од сабота во 19:00 часот, до вторник наутро

- Македонија
973

Карантин од сабота од 19:00 часот до вторник во 05:00 часот наутро предлага Комисијата за заштита од заразни болести.

Проценките се дека најголем процент од новите случаи на ковид-19 во изминатите денови се од приватни и семејни собири. Поради непочитувањето на мерките, проценките се дека само вакви ригорозни чекори може да дадат ефект. За сите други рестрикции, како што е отворањето на угостителските објекти или укинување на полицискиот час, Владата ќе одлучува на следната седмица“,  изјави министерот за здравство,Венко Филипче.

Министерот додаде дека конечната одлука за времетраењето на полицискиот час за претстојниот продолжен викенд,  ќе треба да ја донесе Владата.

Извор: Алсат М

Facebook Коментари