Време-Облачно со повремени врнежи од дожд

Денеска ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, попладне со ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, особено изразен вдолж Повардарието. УВ=6. Дневната температура ќе се движи во интервал од 15 до 23 степени. Утре ќе биде променливо облачно време со сончеви периоди и со локални врнежи од дожд. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, појава на грмежи и засилување на ветерот. УВ=7. Дневната температура ќе се движи во интервал од 16 до 25 степени.
Извор: УХМР

