ЈП Водовод и Канализација-Струга има сомневања за саботажа, денеска има нов дефект

- Локални
2717

Oткако вчера дел од домаќинствата во Струга немаа вода, ЈП Водовод и канализација Струга, излезе со рекација во која укажува дека има сомневања за саботажа. Реакцијата ви ја пренесуваме во целост:

-Техничките лица на претпријатието после направените тестирања констатираа дека водата која доаѓа во градот е со притисок 7.5 Bar, додека недостатокот на вода во овој дел од градот може да биде како причина од факторот човек. 

-Овој сомнеж се пријави во надлежните органите затоа што оштетување на водоводната мрежа претставува кривично дело

-Ќе има соработка со органите на МВР.
-Само што ги примивме жалбите на граѓаните, одма презедовме мерки (прва пријава во 20:36, проблемот решен во 21:20) 
-Ве молиме да не правите вакви активности во водоводната мрежа, затоа што не го оштетувате ЈП Водовод и Канализација ниту  Општина Струга но се оштетувате дирекно самите себеси и сите ваши сограѓани. 
-Ги молиме  сите граѓани  секој сомнеж за саботажа да го пријавите на бр. 078 500 151. 

Од ЈП Водовод и канализација Струга исто така информираат дека  утрово се појавил нов дефект,  нивните екипи околу 8 и 30 часот започнале со санација на дефектот и како последица на ова до санацијата дел од градот нема да има вода.

Strugaonline

 

Facebook Коментари