Хронично болните се враќаат на работа, продолженото породилно ќе важи до Нова Година

- Македонија
631

Комисијата за заразни болести донесе предлог одлука хронично болните лица да се вратат на работа, освен за оние лица кои имаат извештај од специјалист за влошување на болеста.-информира министерот Филипче.

За работничките кои се на продолжено породилно отсуство, отсуството ќе им трае до 31.12.2020 година. Продолжува и ослободувањето на бремените жени од работа. За родителите со деца до 10 години, ќе се одлучува на следниот состанок на Комисијата. Предлог одлуката ќе биде доставена до Владата.

Strugaonline

Facebook Коментари