Лев банер Десен банер

Промоција на монографијата ,,Знам еден град крај езеро“ денеска во Струга

Денеска на Летната сцена при Центар за култура ,,Браќа Миладиновци“ во Струга ќе се одржи промоција на монографијата ,,Знам еден град крај езеро“ од М-р Коста Хиохи.

,,Монографијата е  своевиден паметник на спортскиот живот во градот од настанувањето на првите спортски клубови до денес , а виден и раскажан од обичниот струшки навивач. Изобилува со бројни познати и малку познати историски факти за обичните навивачи, и за оние формалните (Карчовци и Паткари), преку 45 интервјуа од навивачи од различни генерации , подржани и разубавени од бројни фотографии (професионални и аматерски)“ – вели авторот Хиохи

Почетокот е закажан за 17:00 часот.

Strugaonline

error: