Денеска претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, освен на крајниот југоисток каде ќе биде облачно со повремен локален дожд. Попладне, во вечерните и ноќните часови облачно со врнежи од дожд. Врнежите ќе почнат од запад, а во вечерните и ноќните часови зоната на врнежи ќе се прошири во целата земја. На повеќе места се очекуваат обилни врнежи, а локално во текот на ноќта ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец.
Утре претпладне ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои во источните делови ќе бидат пообилни и проследени со грмежи. Попладне променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, особено во западните делови. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 15 до 23 степени.
Извор: УХМР
Facebook Коментари