Четвртото издание на феситвалот Drim Short ќе се одржи онлајн од 13-ти до 15-ти ноември

- Локални
490
Четвртото издание на фестивалот на краток филм Drim Short 2020,  оваа година ќе го доживее своето прво онлајн издание под мотото „Минатото мора да заврши“.
,Соочени со новиот светски поредок, секојдневните промени кои ги наметнува пандемијата, а оттука и неможноста човекот да се прилагоди на сите невидливи бариери и опасности, принудени бевме како сигурна варијанта да го одбереме онлајн изданието, кое од 13 до 15 ноември ќе може да го проследите преку нашата веб страна.“- информираат организаторите на фестивалот.
Ова виртуелно издание ќе ги собере најдобрите кратки филмови од изминатата година, кои во себе носат пораки од целиот свет дека сепак сечија животна приказна е борба вредна за раскажување.
-Во време кога просторот помеѓу нас значи безбедност и начин на борба против светската пандемија, а физичката блискост опасност, останува уметноста да го поврзе светот на ниво повисоко од физичкото, да создаде поле од вредности кое слободно ќе ги облагородува луѓето и ќе им ја исполнува оставената празнина. Една од тие уметности е секако филмот, медиумот на кој ние ги модулираме нашите пораки, спакувани во приказни, спакувани во новосоздадени виртуелни светови кои по којзнае кој пат ќе не’ научат да бидеме луѓе.- додаваат организаторите.
 Соочувањето со минатото општо како концепт, во реалноста и филмот, е темата која е во фокус на годинешното издание на Drim Short 2020. Оттука произлегува и мотото на фестивалот „Минатото мора да заврши“.
Сите информации поврзани со фестивалот ќе бидат проследени на  facebook страната на Drim Short , каде што редовно ќе биде објавувана програмата на фестивалот и термините кога филмовите ќе бидат достапни за гледање.
Strugaonline

Facebook Коментари