На денешната седница на Владата е ставена информацијата со која ќе се овласти ресорното министерство да потпише посебен договор преку заеднички рамковен договор со Европската унија за набавка на лекот Ремдесивир.
-Со ова, освен преку Светската здравствена организација, лекот ќе биде достапен и преку оваа набавка, која се очекува да стигне за многу кратко време, односно, по потпишувањето на договорот.-информираше министерот Филипче.
Инаку, земјава во петок ќе ја добие и најавената помош од 60 респиратори и лична заштита од НАТО.
Во однос на измените на Законот за заштита на населението од заразни болести, меѓу кои се предлага и мерката -задолжителното носење маски на отворено, Филипче рече дека верува дека сите пратеници се свесни за тежината на ситуацијата и дека брзо ќе го изгласаат законот, кој утре треба да се најде пред пратениците.
На денешната прес-конференција Филипче потенцираше дека полицискиот час не е решение и дека треба да се почитуваат другите мерки за да се спречи ширењето на вирусот кој забрзано ги полни болничките капацитети во земјава.
Facebook Коментари