Денеска ќе преовладува сончево време со мала облачност и со појава на утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 18 до 24 степени. Утре ќе биде променливо облачно, во јужните делови со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 16 до 23 степени.
Facebook Коментари