Оваа славна светителка се роди во градот Епиват, меѓу Силинаврија и Цариград. Родителите ? беа богати и благочестиви христијани, а освен Петка имаа и еден син, Ефтимиј, кој за време на животот се замонаши и подоцна стана угледен епископ Малитски. По смртта на родителите девицата Петка желна за подвижнички живот го напушти родителскиот дом и отиде најнапред во Цариград, а потоа во Јорданската пустина, каде што се подвизуваше до својата старост. Кој би можел да ги прикаже сите трудови и страдања и демонски искушенија што ги претрпе Света Петка во долгата низа години? На старост еднаш се јави ангел Божји и рече: „Остави ја пустината и врати се во твојата татковина, таму треба да го предадеш телото на земјата, а со душата ќе се преселиш кај Господ.“ Света Петка го послуша небесниот глас, ја остави својата омилена пустина и се врати во Епиват. Тука таа поживеа уште две години, пак во непрестајна молитва и пост и потоа го предаде својот дух на Бога. Се упокои во 9 век. Нејзините чудотворни мошти низ вековите беа пренесувани: во Цариград, во Трново, па пак во Цариград, па во Белград. Сега се наоѓаат во Романија, во градот Јаши. Во Белгард постои вода (агијазма) на Света Петка, којашто чудотворно ги лечи сите болни што притекнуваат со вера во Бога и со љубов кон светителката.
Популарнo…
ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ
После две години статуата на кучето Медена е означена како културно обележје на Google Maps и туристичка атракција во Струга
Пливачки клубови, пливачи и родители шокирани, базенот во Струга се затвора цели 4 месеци
Успешно организирана 21. Меѓународна веслачка регата „Струга Опен“
Место на новата генерација EUROPE HOUSE СТРУГА СЛАВИ ПРВ РОДЕНДЕН
Денес во Подгорци свечено се одбележа 100-годишнината од изградбата и осветувањето на црквата „Свети Јован Владимир“, еден од најзначајните храмови во струшкиот крај
Facebook Коментари