Денеска во просториите на Општина Струга се одржа официјална средба на која беше иницирана соработка помеѓу Општина Струга и Општина Гемлек.

Претседателот на Советот Ресул Каба, шефот на кабинет и шефот на протокол на градоначалникот Рамис Мерко беа домаќини на Г-дин Реџеп Гондуз , координатор на Центар за Култура на Косово, во Бурса, Турција.
-Средбата се одржа со цел збратимување на Општина Струга и Општина Гемлик во Бурса. Целта на ова збратимување е воспоставување на соработката со секторот на образование, и тоа градинките, основното и средното образование.-информираат од Општина Струга.
Од таму додаваат дека во текот на средбата се дискутирало за размена на искуства помеѓу администрацијата на двете општини и се оставил простор за идни заеднички активности .
Strugaonline
Facebook Коментари