Засега нема потреба од дополнителни рестрикции како полициски час или карантини, на цела територија или во одредени региони, информираше денеска министерот за здравство Венко Филипче, тој вели дека досега донесети мерки, доколку се почитуваат , се очекува да дадат резултат.
„И покрај апелите, имаше собири на јавни површини, како паркови за време на викендите. Исто така, бевме сведоци дека кога се затворија угостителските објекти, луѓето се групираа пред угостителските објекти. Тоа сакаме да го спречиме, да станат свесни да не се групираат. Сметаме дека овие мерки се доволни, и ако се почитуваат ќе дадат резултати“,, -рече Филипче објаснувајќи ја забраната за групирање на повеќе од четири лица на јавен простор во текот на целиот ден која вчера ја донесе владата.
Оваа нема да важат за пазарите, во јавниот превоз, спортските натпревари и настани на отворено и на затворено за кои има протоколи за исполнетост до 30 отсто од капацитетот.
Министерот уште еднаш предупреди дека ситуацијата е сериозна и апелираше да се почитуваат сите мерки за да се намали бројот на заболени а со тоа и оптовареноста на здравствениот систем.
Strugaonline
Facebook Коментари