Утре ќе се одржи седница на Советот за безбедност, тема ќе биде состојбата со вирусот ковид 19

- Македонија
498

Утре, 19 ноември 2020 година, четврток, со почеток во 12:00 часот во Кабинетот на Претседателот Стево Пендаровски,  ќе се одржи седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија.

На седницата, покрај редовните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува министерот за здравство, Венко Филипче.

На десеттата седница на Советот за безбедност ќе се разговара за актуелната ситуација со пандемијата на Ковид-19 на територијата на Република Северна Македонија и мерките и активностите на надлежните институции.

Strugaonline

Facebook Коментари