Независната угостителска комора денеска ќе поднесе Иницијатива за оценување на уставноста и/или законитоста на измените и дооплнувањата на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита од COVID-19 со кои се ограничува работата на угостителските објекти до 18:00 часот.
– Почнуваме да ги користиме сите правни мерки и дејства кои ни се на располагање во интерес и заштита на угостителската индустрија. Владата на 15-ти декември донесе селективни и дискриминирачки измени и дополнувања на Одлуката. Со оглед дека до моментот на закажување на оваа прес-конференција ниту премиерот, ниту некој друг член на Владата не излегоа во пресрет на нашето барање за итна јавна средба отворена за јавноста и учество на медиумите, очигледно Владата си поигрува и ја потценува моќта и општествената улога и влијание на угостителите и угостителските работници кои секојдневно опслужуваат повеќе од половина милион гости во угостителските објекти ширум земјава, вели претседателот на НУК, Здравко Јосифовски.
Пред околу една недела угостителите учествуваа на состанокот на Комисијата за заразни болести на кој беше донесена одлука на владата да и се предложи мерка со која на угостителските објекти им се крати работното време до 18:00 часот (мерка која владата ја прифати и на сила стапува денеска). Угостителите тогаш изјавија дека на состанокот ги презентирале своите барања и ниту едно не им било прифатено. Сега, правдата ќе ја бараат на Уставен суд.
Strugaonline
Facebook Коментари