Две лица се повредени во сообраќајна незгода на патот Струга-Дебар

- Локални
686

На 24-ти декември 2020 година, на регионалниот пат Струга-Дебар, на клучката кон струшкото село Долна Белица, случена е сообраќајна незгода во која се повредени две лица.

Незгодата се случила помеѓу патнички автомобил марка „Мерцедес“ со австриски регистарски ознаки, управуван од страна на 52-годишниот С.Т. на привремена работа во Австрија, и возило „Опел“ со вевчански ознаки, управуван од 41-годишниот С.Ш. од Вевчани. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „Опел“, констатирани во Општата болница во Струга, додека малолетно лице- сопатник во истото возило, се здобило со телесни повреди. Увид на местото на сообраќајната незгода, извршија полициски екипи, информираат од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари