Време-Променливо облачно со сончеви периоди, на планините ќе провејува слаб снег

- Македонија
450

Денеска ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, на планините на северозапад претпладне ќе провејува слаб снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од  4 до 15 степени. Утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните западни делови ќе има услови за повремени слаби врнежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 10 до 17 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари