Промовирани возила и специјализирана опрема за спасување во зимски услови во прекуграничниот регион околу Охридското Езеро

- Локални
536

Градоначалникот на Охрид,  Константин Георгиески во придружба на евроамбасадорот  Дејвид  Гир , министерот за локална самоуправа Горан Милевски и   претседателот на општинската организација на Црвен крст  Сашо Точков, присуствуваше на презентација   на  специјалната  опрема за  спасување  во зимски услови што вчера се одржа  на кејот од Охридското Езеро .

Опремата  беше обезбедена преку   проектот  „Нови можности  за безбеден зимски авантуристички туризам “ финансиран од Европската Унија  преку ИПА2 програмата за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Албанија. Проектот го спроведуваат Црвен Крст- Охрид, општинина Дебрца ,општина  Грамш од Албанијаи  и алпинистичкиот клуб  „Патагонија“ од Охрид.

Извор: Општина Охрид

Facebook Коментари