Хуманитарен музички перформанс за Адријан Билбили денеска во Струга

Денеска во Струга ќе се одржи уличен музички перформанс од хуманитарен карактер организиран од страна на проф. Мухамет Реџепоски и Црвен Крст-Струга.
Целта е да се соберат парични средства неопходни за операција на младиот музичар Адријан Билбили.
Поради компликации од предходниот оперативен зафат на стомакот, Адријан мора итно да оди на повторен оперативен зафат во Турција.
Перформансот ќе се одржи во период од од 13:30 до 16: 00 часот пред Хотел ,,Београд“ Струшка Чаршија.
Сите хумани граѓани, за Адријан можат да донираат и на телефонскиот број 070/143-183 .
Strugaonline

