Денеска ќе биде променливо облачно со повеќе сончеви периоди во источните делови. Во вечерните и ноќните часови ќе има врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Во западните делови врнежите повремено ќе бидат поинтензивни и проследени со засилен југозападен ветер. Дневната температура ќе се движи во интервал од 6 до 11 степени. Утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен северозападен ветер. Дневната температура ќе се движи во интервал од 7 до 14 степени.
Извор: УХМР
Facebook Коментари