-Има зголемување на бројот на заболени од Ковид-19 во државава. Во овој момент се уште траат испитувањата во лабораторијата во МАНУ. Во текот на вчерашниот ден имав разговори со претставници на лабораторијата од клиниката „Жан Митрев“, каде британскиот сој е присутен во 70 проценти. Очигледно е дека се зголемува бројот на заболени, а еден дел од ова зголемување на бројките се должи и на присуство на тој сој на вирусот, кој полесно се пренесува.-изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Тој додаде дека зголемен е и бројот на пациенти кои се хоспитализираат, меѓутоа не до тој степен да ги загрозуваат болничките капацитети.
Што се однесува до мерките, министерот потенцираше дека дефинитивно е можно воведување дополнителни рестриктивни мерки, меѓутоа засега не.
– Гледаме и следиме дали овој тренд ќе продолжи на овој начин до тој степен да биде ризик повторно да се оптоварат болничките капацитети и поради тоа што засега нема таква индиција сметаме дека ова е нешто што сега засега добро се менаџира, но не ја исклучувам таа можност, додаде Филипче.
Facebook Коментари