Од Министерството за внатрешни работи (МВР) ја информираат јавноста дека од страна на Интерпол е добиена информација дека на профили на социјалната мрежа „Тик Ток“ во Русија и Израел се забележани повици за самоповредување на малолетни лица.
МВР апелира до граѓаните, особено до родителите да обрнат внимание на активностите на своите деца на социјалните мрежи.
-Спорeд досегашните сознанија, вакви повици нема од профили на наша територија ниту од околните држави, но апелираме на будност и надзор со цел да се избегнат било какви несакани случувања. -стои во соопштението од министерството.
Извор: МВР
фото: архива
Facebook Коментари