Лев банер Десен банер

Заев: Првите 3000 руски вакцини очекуваме да стигнат во недела

Премиерот Зоран Заев информираше кога треба да пристигнат првите руски вакцини во земјава, но со знак прашање дали навистина ќе стигнат на договорениот ден.

„Секој ден очекуваме кога, и имам информација кога ќе стигнат вакцините. Но, како да кажам, што ако не стигнат?  Во недела очекуваме 3 000 вакцини да стигнат преку ДХЛ. Министерството вчера потврди дека ќе стигнат конечно и вакцините на ‘Фајзер’ , а стигна информација дека ќе пристигнат и оние преку Ковакс механизмот, некаде кој крајот на првиот квартал. Сѐ уште се очекуваат и кинеските за кои плативме аванс, па го повлековме“, – истакна денеска Заев.

 

error: