Време-Облачно со повремени врнежи од дожд

- Македонија
343

Денеска ќе преовладува променливо облачно време, од наутро во западните, а потоа и во северните делови ќе има повремен локален дожд, а на планините снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (понекаде со брзина од над 70 км/час). Ветерот ќе биде најизразен долж пошироко Повардарие и на повисоките места. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 10 до 17 степени. Утре ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди особено во посеверните делови. Во јужните делови ќе има услови за слаб локален дожд, на планините за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен претежно јужен ветер. Дневната температура ќе се движи во интервал од 6 до 12 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари