Пристигна првата пратка руски вакцини во Македонија

- Македонија
494

Денеска во земјава пристигнa  првата пратка руски вакцини.

„Ова е прва пратка од три илјади дози на руската вакцина. Сакам да изразам  благодарност до амбасадорот Баздникин. Овие слободни денови ќе ја продолжиме комуникацијата со цел да се организираме со набавување на следните количини. Станува збор за вакцини кои се разлини во делот на вакцинација и ревакцинација. Продолжува процесот на имунизација на здравствените работници, а потоа и на граѓани. Продолжуваме со националниот план за имунизација, први ќе бидат постарите граѓани со хронични болести“, рече Филипче.

Филипче изрази благодарност до рускиот амбасадор Баздникин кој беше присутен на приемот на вакцините.

„Со големо задоволство сум присутен на првата пратка на руската вакцина Спутник В. Убеден сум дека ќе биде од важност за спасување на човечки животи. Секогаш сме подготвени да им помогнеме на граѓаните на Северна Македонија со кои негуваме вековни традиции и имаме соработка со Владата, и сме подготвени да ја прошируваме на нови области, во основа на еднаквост и взаемно почитување на интереси. Ова е првата регистрирана вакцина во светот. Вакцината е безбедна и ефикасна, и сега станува со право станува светски бестслер. Сега е во тек забрзана постапка во европската агенција да ја испитува вакцината. Во СЗО се разгледува барањето за Спутник В да се вклучи во листата на лекови одобрени од нивна страна“, рече Баздникин.

Вакцинацијата со руски вакцини во земјава ќе започне во среда.

 

Facebook Коментари